Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

На денешен ден, 5 ноември, во 1994 година, почина Милан Младеновиќ, југословенски рок музичар, најпознат како пејач и гитарист на белградската рок-група Екатерина Велика (ЕКВ).

Младеновиќ е роден на 21 септември 1958 година во Загреб. Кога имал 6 години се преселиле во Сараево, а во 1970 година, во Белград.

Кон крајот на седумдесеттите, заедно со училишниот другар Драгомир Михајловиќ Гаги и со другарот Милан Стефановиќ - Микица, Младеновиќ ја формирал својата прва група „Лимуново дрво“. Во 1980 година, заедно со Михајловиќ, Душан Којиќ - Која и Ивица Вдовиќ, Младеновиќ го формирал својот прв позначаен музички состав „Шарло Акробата“. Поради меѓусебните несогласувања, Младеновиќ и Којиќ набрзо се разделиле, а потоа, заедно со Драгомир Михајловиќ, Милан Младеновиќ формирал нова група „Катарина II“.

Во текот на 1982 година, кон новата група се приклучила клавијатуристката Маргита Стефановиќ Маги, a во 1983 година басистот Бојан Печар и тапанарот Ивица Вдовиќ. Во таа постава, во 1984 година, групата го издала истоимениот албум, а веднаш потоа Вдовиќ и Михајловиќ си заминале од неа. Како носител на правото на името „Катарина II“, Михајловиќ ја спречил групата понатаму да го користи тоа име, поради што таа продолжила да работи со ново име „Екатарина Велика“. Во 1985 година излегол истоимениот албум кој добил поволни критики и благодарение на него групата се стекнала со релативно поширока популарност. Пресвртот настапил во 1986 година, кога албумот „Со ветрот в лице“ („С ветром уз лице“) ги лансирал на самиот врв на југословенската рок сцена, каде што групата се задржала до 1994 година, издавајќи серија успешни албуми.

Уште во текот на работата со Екатерина Велика, Младеновиќ бил продуцент на албумите на групите „Густаф и његови добри духови“ и „Фит“. Во 1985 година, заедно со останатите членови на „Екатарина Велика“, тој се појавил во филмот на Горан Марковиќ, „Тајванска канаста“, а следната година ја играл главната улога во филмот на Дарко Бајиќ, „Црна Марија“ и ја напишал нумерата „Bus Station“. На крајот на 1980-тите, Младеновиќ ја компонирал музиката за една театарска претстава на која работеле и Влатко Стефановски, Ѓорѓе Ериќ, Зоран Петровиќ и други. Во 1992 година, заедно со членовите на групите „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“, Младеновиќ го формирал составот Римтутитуки, чија музичка активност била концентрирана на антивоената пропаганда. Групата го снимила синглот „Слушај ваму“ (Слушај 'вамо!) кој го објавило белградското радио „Б-92“, а бил промовиран со концерт на камион кој кружел низ улиците на Белград. Кога требало со Римтутитуки да гостува во Бања Лука, на почетокот на војната, Милан го откажал настапот во знак на протест поради уривањето на најстарата и најпозната џамија, Ферхадија од 1579 година.

Во летото 1994 година, Младеновиќ заминал во Бразил, каде со својот долгогодишен пријател Митар Суботиќ - Суба (алијас „Rex Ilusivii“) и со неколку бразилски музичари, го снимил албумот „Ангелски здив“ („Angel’s Breath“). Во август 1994, по настапот на „Екатерина Велика“ на Фестивалот во Будва, Младеновиќ бил префрлен во една болница во Белград, каде што му бил дијагностициран рак на панкреасот. Милан Младеновиќ починал на 5 ноември 1994 во Белград, каде бил погребан во Алеата на великаните на Новите гробишта.

Во 2019 година била основана Фондацијата „Милан Младеновиќ“ (Задужбина Милана Младеновића).

Музика

Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Read more

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Read more

Магијата на скопскиот Театар на сенки во новиот спот на Дарко Рундек

Read more

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more