Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици медиуми од таа земја.

Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.

Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.

Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач.

Сè започнало со полициска рација на улицата „Караѓорѓева“, кога возач на бел „Волво XC60“ не застанал на наредбата од полицијата и започнал бегство во правец кон Бранков мост. Брзо било утврдено дека се работи за киднапирање на македонскиот пејач.

При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид.

„Во текот на потерата, напаѓачите со пиштол му се заканувале на Кајмакоски и побарале 20.000 евра за неговиот живот. Дополнително се заканиле дека нивни соучесници, кои наводно го надгледуваат неговиот дом, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и деца“, пишува Телеграф.

По поминувањето на патарината Шимановци, возачот направил грешка под притисокот од полицијата и кај исклучувањето за Рума удрил во заштитна ограда. Двајца вооружени напаѓачи побегнале во темнината, додека полицијата во возилото го пронашла врзаниот Даниел Кајмакоски.

Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Специјалците од САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и најсовремена термовизиска опрема во потрагата по бегалците, кои, според исказот на жртвата, комуницирале на турски јазик.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како киднапирање, пишува Телеграф.

Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Музика

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Read more

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Read more

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Read more

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе
  • play_arrow

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Читај повеќе