Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Косовскиот рапер Дон Џони (Don Xhoni) се огласи по реакциите во јавноста откако дел од видеоспотот за неговата нова песна „Sexy mama“ беше снимен во споменикот „Македониум“ во Крушево.

„Ниту јас, ниту мојот тим немавме намера да провоцираме, навредиме или да ја намалиме вредноста на кое било место или симбол“, напиша раперот, пренесоа албанските медиуми.

Според него, локацијата била избрана од продукцијата како дел од сценариото на видеоспотот.

„Никаква тенденција, никаква провокација. Само сценарио, локација и уметнички проект. Немам потреба да создавам провокации за да добијам внимание“, порача Дон Џони.

Полемиките главно се однесуваа на одлуката на раководството на НУ Историски музеј – Крушево да го отстапи Македониумот за снимање на спотот без да обрати внимание на содржината, а не на самиот изведувач. Директорот Миха Оџаклиески потврди дека Управниот одбор донел одлука просторот да биде отстапен за 500 евра за неколку часа.

Македониум, односно споменикот Илинден, има големо историско и меморијално значење. Во комплексот се претставени Илинденското востание, Крушевската Република, НОБ и АСНОМ, а во куполата се наоѓа вечното почивалиште на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

Претходно денеска реагираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека ваков тип институции не треба да се изнајмуваат и користат за вакви намени и најави дека ќе побара разрешување на директорот и на членовите на Управниот одбор. Тој им се извини и на граѓаните за направениот пропуст.

Оџаклиески во меѓувреме поднесе неотповиклива оставка. Во образложението наведе дека не бил прекршен закон, правилник или одлука, но признал пропуст во проценката и ја презел моралната одговорност.

Remote video URL
Тагови
реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Музика

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Read more

Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Read more

Која е девојката што ја „сруши“ Мараја Кери?

Read more

Се одржа второто издание на метал фестивалот Skopje Fury

Read more

Сцена

  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе