Еминем откри дека Доли Партон еднаш му испратила емотивна порака што оставила длабок впечаток врз него, оддавајќи почит на иконата на кантри музиката која почина на 80-годишна возраст.
Таа му испратила честитка во 2022 година, откако беше примен во Куќата на славните.
„Маршал (Еминем), честитки за приемот во Рокенрол куќата на славните. Твојот настап беше неверојатен и сите го кажаа тоа. Иако не знам многу за рап музиката, сфатив дека си најдобар во тоа. Исто така, се надевам дека ова не ти звучи чудно или необично, отсекогаш чувствував некаква необјаснива врска со тебе, како да те познавам некако“, напишала таа.
Понатаму рече дека имала намера да го сретне по концертот, но дека било „лудница“ па ја пропуштила можноста и дека се надева дека еден ден тоа ќе се случи.
„Во меѓувреме, продолжи да го правиш она што го правиш затоа што го правиш толку добро и, без разлика колку е комплициран твојот свет, знај дека си многу посебна личност и дека ги допираш животите на луѓето на начини на кои дури и не си свесен. Со љубов и почит, Доли Партон“, напишала музичката ѕвезда.
Еминем напиша во описот на објавата дека му е жал што никогаш не се запознале и дека оваа порака оставила силен впечаток врз него.
„Таа сигурно не мораше да одвои време да го направи тоа. Дури и за дете кое претежно слушаше рап музика, таа беше икона. Суперѕвезда во секоја смисла. Почивајте во мир, Доли. И ти благодарам за твоите љубезни зборови“, објави тој.
Претставниците на Доли Партон рекоа дека таа починала по битка со ракот, без да откријат за каква форма на рак станувало збор.