Канје Вест со голем концерт во Тирана, за него ќе се изгради посебен стадион

Еден од највлијателните музичари денес, YE, односно Канје Вест, ќе настапи на 11 јули во Тирана. За оваа пригода во главниот град на Албанија ќе се изгради посебен стадион „Игл“ со капацитет од 60.000 посетители.

Организаторите забележуваат дека ова е уникатен концертен спектакл што ја става Албанија на мапата на големите меѓународни музички настани.

Веста за концертот ја сподели и премиерот Еди Рама на неговиот „Фејсбук“ профил.

Веста за концертот во Тирана доаѓа откако беа откажани концертите на Канје во Велика Британија, Полска и Швајцарија.

„Ова не е само обичен концерт. Целта на проектот е да се создаде уникатен момент што ги поврзува изведувачот, публиката и самото место. Со ова, сакаме да го привлечеме глобалното внимание кон Тирана и во исто време да поставиме нови стандарди за концертите во регионот“, велат организаторите.

Стадионот „Игл“ е привремен објект што се гради исклучиво за овој настан. Ќе биде сместен покрај автопатот Тирана-Драч, приближно два километра од градот, и е дизајниран да обезбеди уникатна атмосфера за овој голем музички спектакл.

Концертот ќе се одржи летово, на 11 јули. Билетите ќе бидат достапни исклучиво преку yealbania.com. Цените на билетите почнуваат од 99 евра, или 9.500 албански леки. Претпродажбата започнува на 5 мај во 12:00 часот, додека редовната продажба започнува еден ден подоцна, на 6 мај, исто така во 12:00 часот.

Главен организатор на концертот е Streetlife, германска продукциска компанија за настани и концерти од Берлин, која работи од средината на 90-тите. Компанијата е позната по своите соработки со бројни глобални ѕвезди. Локалната продукциска поддршка во Албанија ја обезбедуваат Redcloud од Тирана и Live Label од Холандија.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Музика

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Read more

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Read more

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Read more
 

Сцена

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Читај повеќе

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе