Која е најчесто користената песна во филмови?

Во светот на филмската индустрија, музиката игра клучна улога во создавањето атмосфера и емоција. Некои песни стануваат препознатлив белег на цели генерации токму преку нивната употреба во филмови. Но, која е песната што најчесто се слуша во филмови?

Изненадувачки за многумина, токму хитот „U Can’t Touch This“ на MC Hammer го држи рекордот за песна што најмногу пати била употребена во филмови.

Анализата на податоци од платформата Tunefind, која следи музика во над 4.000 филмови, покажува дека оваа песна се појавува во дури 15 филмови, меѓу кои се Tropic Thunder, Into the Wild и Grown Ups 2.

Истражувањето, објавено од американскиот медиум ScreenCrush, открива дека ниту песни на The Beatles, ниту Rolling Stones, па дури ни класиката Born to be Wild од Steppenwolf не се најдоа во топ петте најкористени песни во филмовите. Топ листата изгледа вака:

„U Can’t Touch This“ — MC Hammer (15 филмови)

Remote video URL

„Under Pressure“ – Queen и Дејвид Боуви (14 филмови)

„Push It“ – Salt-N-Pepa (13 филмови)

Remote video URL

„Spirit in the Sky“ – Norman Greenbaum (13 филмови)

Remote video URL

„It Takes Two“ – Rob Base & DJ E-Z Rock (13 филмови)

Remote video URL

Во оваа анализа биле исклучени филмски композитори, а биле вклучени само песни од мејнстрим изведувачи. Боб Дилан е прогласен за автор чии песни најчесто се појавуваат во филмови — неговите композиции се користени дури 123 пати во последните 50 години.

Покрај „U Can’t Touch This“, според други извори како MovieWeb и ScreenRant, често се користат и песни како „Sweet Home Alabama“ на Lynyrd Skynyrd, „What a Wonderful World“ на Луис Армстронг, „Chariots of Fire“ на Vangelis, како и „Let’s Get It On“ на Марвин Геј, која се појавила во 31 филм и ТВ-серија.

Овие податоци само го потврдуваат влијанието на популарната музика врз филмската индустрија, а „U Can’t Touch This“ останува недостижен рекордер кога станува збор за употреба во филмови.

реклама

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Музика

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Read more

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Read more

Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе
  • filter

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Читај повеќе

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Читај повеќе

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Читај повеќе
  • filter

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Читај повеќе

Темна теорија го открива идентитетот на убиецот во Scream 7

Читај повеќе