ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2026 МИЛАНО-КОРТИНА

Остри критики за настапот на Мараја Кери на отворањето на ЗОИ

Макфакс/Кајгана
/ 07.02.2026 / 12:26

Настапот на Мараја Кери на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 предизвика бројни критики, а многу гледачи ѝ забележаа на пејачката за „очигледен недостаток на ентузијазам“. Церемонијата со која официјално беа отворени Игрите се одржа синоќа на историскиот стадион „Џузепе Меаца“ во Милано.

Remote video URL

56-годишната пејачка излезе на сцената во сребрено-бела облека. Таа изведе верзија на популарниот класик на Доменико Модуњо од 50-тите, а отпеа и нејзина песна.

На социјалните мрежи не сопираат критиките за нејзиниот настап. Многумина прашуваат зошто пејачка родена во Њујорк била избрана да настапи во Италија, има такви кои прашаа дали пеела на плејбек поради впечатокот дека не се труди да ги достигне високите тонови.

„Има ли Мараја Кери италијанско потекло? Не сум сигурен зошто таму е американска пејачка, освен ако не е, можеби, исклучително популарна во Италија?“, прашуваат на социјалните мрежи со забелешка дека „обично земјата-домаќин претставува само свои таленти. Велика Британија ги имала Боуви, Ени Ленокс и други… не се сеќавам на ниту еден американски пејач“.

Дел од публиката, пак, го анализира начинот на кој Кери го движела лицето за време на пеењето, па прашуваат дали пеела плејбек.

„Кога последен пат Мараја Кери настапи во живо? Пеењето на плејбек на италијански е нов пресврт. А, има толку пејачи кои можеле да понудат нешто поавтентично“, стои во една објава на X.

„Мараја Кери толку очигледно пее на плејбек. Ни најмалку не се обиде да го сокрие тоа. Ја уништи церемонијата на отворање која до тогаш беше сосема пристојна“, стои во објавите на X.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Музика

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Read more

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Read more

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Read more

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе
  • play_arrow

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Читај повеќе