Пол МекКартни откри како Битлси го добиле името

Музичката легенда Сер Пол МекКартни во интервју за BBC Radio 2 откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање.

Oбјасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „The Crickets“, чие име целосно погрешно го протолкувале, мислејќи дека има двојно значење – и за инсектот (штурец) и за истоимениот спорт.

Инспирирани од оваа „игра на зборови“, Ленон и МекКартни го смислиле името „The Beatles“ како комбинација од зборовите „beetles“ (бубачки) и „beat“ (ритам). По неколку години, МекКартни се запознал со членовите на „The Crickets“ и им открил дека тие биле инспирацијата, но на негово изненадување, тие му признале дека името на нивниот бенд никогаш не било замислено како игра на зборови. Иронично, едно од имињата за кои самите „The Crickets“ своевремено размислувале било токму „The Beetles“.

Во интервјуто, МекКартни се присети и на своите почетоци, нагласувајќи дека песната „Be-Bop-A-Lula“ на Џин Винсент целосно му го променила погледот на музиката во време кога рок-ен-ролот дури пробивал на сцената. Се осврна и на односот со Џон Ленон, истакнувајќи дека по распадот на бендот во 70-тите се оддалечиле, но повторно се зближиле пред убиството на Ленон, што денес му носи голема утеха.

Говорејќи за култната песна „Imagine“, МекКартни ја опиша како магична и прекрасна визија за светот.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Музика

Death to All ги собра балканските металци во Софија

Read more

Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна

Read more

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Read more

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Read more

Сцена

  • play_arrow

Шрек се враќа по 17 години, првиот трејлер ги подели обожавателите

Читај повеќе

Сопругата на Брус Вилис за неговата деменција: Тој ги препознава луѓето што ги сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајра Бенкс го тужи Netflix 

Читај повеќе
  • play_arrow

Death to All ги собра балканските металци во Софија

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна

Читај повеќе

Свини за одложувањето на продолжението на Euphoria: Лудо е да се види како работите се извртуваат

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина и Бред сака да го отстрани Пит од презимето

Читај повеќе

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Читај повеќе