Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Шакира моментално е на светска турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, а на последниот концерт одржан во Буенос Аирес, пејачката ја доведе публиката до солзи со само еден гест.

Шакира приреди спектакл во Буенос Аирес кога на сцената ѝ се придружија нејзините синови Милан (12) и Саша (10), кои ги доби со фудбалерот Жерар Пике.

Ова не е првпат пејачката да ги изненади обожавателите со појавување заедно со децата, па социјалните мрежи повторно беа преплавени со нивни видеа. Овој пат тие заедно ја исполнија песната „Acrostico“.

Шакира, Милан и Саша беа и модно усогласени: момчињата носеа костуми во боја на лаванда, а пејачката впечатлив фустан во истата нијанса, со изразени волуменозни детали.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Беше магично да пеам со моите синови и да ги гледам како ја изразуваат музиката што ја носат во себе, додека и останатите семејства пееја заедно со нас“, напиша Шакира под објавата на социјалните медиуми.

Синовите ѝ се најголема поддршка, а таа никогаш не го криела тоа. Судeјќи според снимките и фотографиите, двајцата се многу приврзани за мајка им.

Шакира помина низ тежок период откако се дозна дека Пике ја изневерувал за време на нивната десетгодишна врска. По многуте турбуленции, јавните обвинувања и објавувањето на „одмазднички“ песни, таа конечно успеа да продолжи со животот далеку од фудбалерот.

Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Музика

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Read more

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Read more

Џеј Ло откри што очекува од следниот дечко

Read more

Цените за сместување за Санремо достигнуваат вртоглави суми до 15.000 евра

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе