Шестмина повредени при демонтирање на сцената по концерт на Ед Ширан

Шестмина членови на техничката екипа на Ед Ширан биле пренесени во болница по несреќа за време на демонтирањето на сцената по неговиот концерт во Детроит. Врз работниците паднал дел од тешката сценска опрема, пишува People.

Несреќата се случила во саботата, на 29 август, на стадионот „Форд Филд“. Според извештаите, опремата ги удрила работниците во близина на рампата во тунелот за возила додека оделе на пауза. Еден од повредените, кој бил погоден во градите, изјавил дека сè се случило „за една секунда“.

Сите шестмина биле пренесени во локални болници. Никој не е во животна опасност, но двајца се здобиле со тешки повреди, додека состојбата на останатите четворица била стабилна.

Управата на стадионот соопшти дека е започната детална истрага за несреќата и дека соработува со надлежните институции и продукциските партнери.

Турнејата на Ед Ширан продолжува според планот, а следниот концерт е закажан за 4 септември на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде се одигра и финалето на Светското првењнство 2026 меѓу Аргентина и Шпанија.

Тагови
реклама

Музика

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Read more

Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Read more

Која е девојката што ја „сруши“ Мараја Кери?

Read more

Се одржа второто издание на метал фестивалот Skopje Fury

Read more

Сцена

  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе