Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Марк Дејвид Чепмен, кој го уби Џон Ленон, рече дека го убил од патетична желба да биде некој. Тој ова го изјави неодамна пред комисијата за условно ослободување, во пресрет на 45-годишнината од шокантното злосторство.

„Ова беше поради мене и само мене, за жал, и имаше сè врска со неговата популарност“, изјавил во август 70-годишниот Чепмен, кој е во казнено-поправната установа „Грин Хејвен“ во округот Дачис, според транскриптот од интервјуто до кој во петокот дојде The New York Post.

Чепмен, кој го уби обожуваниот 40-годишен Ленон на 8 декември 1980 година, по четиринаесетти пат безуспешно се обиде да излезе од затвор. Тој се извини за празнината што ѝ ја остави на публиката и пријателите на рок-легендата, но како што покажуваат документите, комисијата не поверувала во неговото каење.

На прашањето зошто сакал да го убие Ленон, одговорил: „За да бидам познат, да бидам нешто што не сум.“

„А, потоа сфатив, еј, тука има цел“, продолжил Чепмен. „Не морам да умрам и можам да бидам некој. Толку ниско паднав.“

Во текот на претходните сослушувања за условно ослободување, Чепмен давал слични изјави поврзани со желбата за слава, кажувајќи дека сакал да биде познат и дека имал зло во себеси.

На сослушувањето на 27 август, повторно ја опишал бруталноста на убиството, кажувајќи ѝ на комисијата дека доаѓал во Менхетн од Хаваи месеците претходно решен да ја убије рок-иконата, откако се идентификувал со Холден Каулфилд од романот „Ловец во житото“ и почнал да верува дека Ленон е „лажен“.

Тогаш 25-годишниот Чепмен го чекал Ленон, но Ленон не се појавил. Два месеца подоцна, Чепмен се вратил откако опсесијата повторно почнала да се зголемува.

„Тогаш тоа утро, 8 декември, едноставно знаев. Не знам како знаев, но знаев дека тоа ќе биде денот кога ќе го сретнам и ќе го убијам“, изјавил Чепмен.

Кога Ленон излегол од лимузината со сопругата Јоко Оно, Чепмен пукал во него четири пати во грбот, само неколку часа откако му бил потпишан албумот од страна на музичарот.

Тој бил осуден на казна од 20 години до доживотен затвор.

Во последните години, Чепмен го минува времето читајќи ја Библијата навечер, играјќи одбојка со други затвореници и разговарајќи со сопругата Глорија, со која е во брак 46 години.

Чепмен изразил каење за убиството на неколку сослушувања за условно ослободување, вклучувајќи го и последното.

„Тој беше човечко битие“, рекол тој мислејќи на Ленон.

„Еве ме мене, живеам многу подолго, и не само семејството туку и неговите пријатели и фанови — се извинувам за агонијата низ која мораа да поминат. Во времето на злосторството воопшто не размислував за тоа, не ми беше гајле.“

Сепак, комисијата заклучила дека му недостасува „вистинско каење или значајна емпатија“ кон жртвите. Следното сослушување за негово евентуално условно ослободување ќе може да се одржи во 2027 година.

Чепмен сега вели дека би сакал да избегне јавен интерес.

„Веќе немам никаков интерес да бидам познат“, рекол тој.

„Само ставете ме некаде под тепих. Веќе не сакам да бидам познат, точка.“

Тагови
реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Музика

Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Read more

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Read more

Магијата на скопскиот Театар на сенки во новиот спот на Дарко Рундек

Read more

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Гостувањето на Ван Дам во Friends било непријатно искуство за Кокс и Анистон

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Читај повеќе
  • play_arrow

Сѐ што е погрешно со новиот Superman

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу разочаран од продолжението на Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Тензија, шамар и крваво лице: Стигна тизерот за филмот The Drama

Читај повеќе
  • play_arrow

На 13 декември Пука Козметика слави 30 години

Читај повеќе

Netflix доби силен ривал за преземањето на Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Читај повеќе