СДСМ: Новогодишната кошничка е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ, зејтинот поскапе 7 денари, кашкавалот е речиси 500 ден за кг

„Новогодишната кошничка“ е уште една во низата манипулации на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како и „есенската кошничка“, која граѓаните сами ја разобличија дека не донесе никакво намалување на цените – напротив, некои производи дури и поскапеа – така и сега, со истите празни ветувања, власта се обидува да ги прикрие своите неуспеси да го заштити стандардот на граѓаните, велат од СДСМ.

„Владата свесно остави простор на трговците да ги покачат цените на основните производи, за сега, со наводното 'намалување', граѓаните повторно да плаќаат исто или повеќе. Јајцата, кои неодамна чинеа 75 денари, сега се продаваат за 90 денари. Зејтинот поскапе од 82 на 89 денари, а цената на кашкавалот достигна речиси 500 денари за килограм – речиси 70 денари повеќе од претходно. Ова не е грижа за граѓаните, ова е свесна манипулација за заштита на интересите на трговците, додека народот едвај врзува крај со крај. Додека пензионерите, работниците и семејствата со минимални приходи се соочуваат со дилемата дали да купат храна, да платат сметки или лекови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ уживаат во удобноста на високи плати и луксуз“, посочуваат од СДСМ и додаваат:

„СДСМ ја предупредува јавноста дека оваа Влада нема ниту резултати, ниту решенија за кризата. Наместо да се потпре на веќе проверени мерки кои дадоа резултати и вистински ги намалија цените на производите во време на владата на СДСМ, тие продолжуваат да ги штитат трговците“.

Тагови
реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Македонија

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Read more

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Read more

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Read more

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Read more
 

Вести

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Читај повеќе

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Читај повеќе

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Читај повеќе

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Читај повеќе

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Читај повеќе
  • play_arrow

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Читај повеќе