СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, соопшти денеска Социјалдемократскиот сојуз.

Оттаму им честитаат на сите граѓани за, како што велат, успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.

-Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато. Македонската иднина е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт, стои во соопштението.

Од Државната изборна комисија денеска соопштија дека сè уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија. Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе