СДСМ: Во водство сме, ВМРО-ДПМНЕ: Победуваме

Генералните секретари на двете најголеми партии во земјава излегоа со проекции во кои најавуваат победа на својот табор на денешните предвремени парламентарни избори.

„Граѓаните ја сфатија сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа државата и во огромно мнозинство одлучија за обнова“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Победуваме со над 10.000 гласа и водиме со 2 спрема 1 во Гази Баба, Илинден, Кривогаштани, Свети Николе…Со обработени околу 20 проценти од гласовите имаме разлика од околу седум пратеници“, изјави Јанушев.

Тој изјави дека на денешните избори имало сериозни нерегуларности за кои, како што рече, биле известени ОДИХР и меѓународната заедница.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по затворањето на избирачките места во 21 часот, рече:

„Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата Можеме. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалицијата Можеме. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција.“

СДСМ на 33 отсто обработени податоци од гласањето на предвремените парламентарни избори води со тројца пратеници. Трендот е во постојан раст, брифираат извори од СДСМ за МИА.

Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласаат,  почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот и го дале нивниот придонес кон развојот на нашето демократско општество.

„Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес и затоа треба да бидеме горди.  Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред сѐ да ги заштитат граѓаните нивното здравје, но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процес“, нагласи Николовски.

Тој посочи дека изборниот ден минал во најдобар ред.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе