Се бара повлекување на 158.000 автомобили на Tesla поради дефект

Американските регулатори побараа од Tesla да повлече 158.000 возила во САД поради дефект околу безбедноста. Властите нагласија дека дефектот е пронајден кај автомобилите на Tesla Model S од периодот 2012-2018 година и кај Model X од 2016-2018 година.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во писмото наведува дека проблем со контролната табла на автомобилот може да предизвика повеќекратна штета, како што е губење на камерата за заден преглед и други функции поврзани со безбедноста на возилото.

„Стапката на откажување во оваа истрага е значително поголема од стапката на откажување кај возилата вклучени во претходните повлекувања кои имаа вакви проблеми“, се вели во соопштението.

Дефекот на контролната табла, според образложението, може да го попречи системот за одмрзнување и на шофершајбната, да влијае на системот за автопилот и на функционалноста на трепкачите.

Компанијата Tesla не е должна да го исполни барањето на федералната агенција, но има рок до 27 јануари да приложи објаснување. Барањето претставува голем проблем за компанијата, бидејќи 158.000 автомобили претставуваат речиси третина од сите автомобили испорачани минатата 2020 година.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Авто новости

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more
 

Автомобили

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе