Се чекаат резултати за 14 лекари од Козле кои биле во контакт со заболено лице од коронавирус

Покрај новите 24 случаи регистрирани до 12 часот, министерот за здравство Венко Филипче информираше и за двајца излечени пациенти, со што сега има три излечени лица од COVID-19.

Едниот е маж од Дебар кој е веќе испишан од Инфективната клиника и е испратен на домашно лекување откако во два наврати неговиот тест бил негативен.

Втората излекувана пациентка е жена од Скопје, која исто така имала два негативни теста. Документите за неа се спремаат и во текот на денот и таа ќе биде пуштена од Инфективната клиника.

Уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за дерматологија во Скопје, е позитивен на коронавирусот. Бројот на заболени се искачи на шест лица вработени на Кожната клиника.

Во текот на идната недела според скринингот во одредени градови ќе се тестираат пошироки групи на лица кои патувале во земји во кои има ризик или биле во контакт со заболено лице.

Од новите 24 случаи, 15 лица се од Скопје, четири лица се од Куманово, двајца се од Дебар и по едно лице од Штип и Тетово.

Вкупната бројка на заразени во земјава со денешните статистики достигна 201 заболен.

Во добра здравствена состојба е и четиригодишното девојче во Штип.

Се чекаат резултатите за 14 лекари од болницата во Козле кои биле во контакт со заболениот пациент од Тетово. Пациентот престојувал две недели во Заводот во Козле, но бил неподвижен и имал само една посета. По, испуштањето од болницата бил тестиран и упатен на Инфективната клиника.

Тестирани се 14 здравствени работници и четворица пациенти, сите се без симптоми, одговори Филипче на новинарско прашање. Се вршат и тестирања на членовите од семејството на пациентот, за да се открие како се заразил со вирусот.

 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе