Се надеваме дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на односите со Русија, вели Османи

Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.

Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила.

– Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена, додаде Османи.

Шефот ма македонската дипломатија изјави дека засега нема најава за реципрочна мерка од руска страна, но, како што нагласи, секоја држава има инструменти и можност да преземе таков чекор.

– Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација, иако се случува во услови како да се солидаризираме со нашите сојузници во врска со некои однесувања на Русија, додаде Османи.

Според него, во јавноста се отвора лажна дилема дали сме со САД или Русија, бидејќи таа одлука државата ја има донесено уште од првите гопдини на независноста, со Резолуцијата во Собранието од 1993 година за членство во НАТО.

Тој нагласи дека со членството во НАТО нашата позиција на меѓународната сцена е значително променета и партнерството со 29 други земји се гради со јасна партиципација и придонес за почитување на принципите на тоа сојузништво.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Северна Македонија.

– Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор, наведе руското МНР во соопштението.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија. Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на МНР во врска со израелско-палестинскиот судир, Османи нагласи дека земјава се придружува кон повиците за деескалација на тензиите и осуда на нападите врз цивили и ги поддржува меѓународните напори за прекин на насилствата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе