Рендер за новиот смартфон на Huawei со ознака P40 Pro се појави на интернет, а објавени се и неколку спецификации.
Познато е дека Huawei ќе ја претстави својата P40 серија и покрај тоа што не може да ги користи услугите на Google.
На Twitter е објавено дека ќе има 6,5-инчен 2К OLED Waterfall екран со фрекфенција за освежување од 120 Hz.
Кога станува збор за камерите, главната камера ќе биде Leica Penta Camera од 64 MP (Sony IMX6868 1/1,7 инчи со оптичка стабилизација на фотографијата), а ќе има и ултраширока камера од 12 мегапиксели, телефото камера од 12 мегапиксели, макро камера, како и сензор за длабочина.
Иако рендерот е со прилично лоша резолуција, се гледа и испакнатиот модул на предната камера.
На десниот раб ќе има копче за отклучување и заклучување на смартфонот, како и за нагодување на јачината на звукот.
Поконкретни информации се очекуваат на почетокот на наредната година.