Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Ние ќе го направиме сето она со што може да се ограничи цената, а што нема да влијае на дисбаланс на пазарот, бидејќи потврдивме и покажавме дека може да се направи, а притоа да нема недостиг на пазарот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Правиме анализи за сите производи, дел од тие анализи се готови, меѓутоа мора да бидат усогласени и со други министерства. Во моментот работат Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нормално во соработка со производителите и со преработувачите, за да може да бидат донесени одлуки коишто ќе бидат добри и во интерес на граѓаните, меѓутоа и на вработените во фабриките што  произведуваат, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

Тој додаде дека не може да се каже дека за една група на производи може да има една мерка, бидејќи, како што рече, во секој производ постојат артикли од коишто дел се произведуваат кај нас, меѓутоа дел се од увоз.

– Затоа и кога ќе ги видите мерките за лебот се знае на кои типови на леб цената е замрзната. Исто така, кога зборуваме за тестенини се знае за кои типови на тестенини е намалена цената за 15% и исто кај млечните производи кај кој е намалена за 10%, прецизира Ковачевски.

реклама

Македонија

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Read more

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Read more

Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Read more

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more
 

Вести

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Читај повеќе