Се преврте рингишпил во БиХ: Има повредени деца, родителите ги извлекувале со голи раце

Макфакс/Кајгана
/ 25.06.2024 / 13:09

Во парк во Добој синоќа околу 20 часот пукнала вртелешка, а во таа прилика биле повредени деца, пишува „Независне“. „Зум ТВ Добој“ јавува дека четири деца се повредени и дека родителите ги однеле на раце во блискиот Здравствен дом.

Екипите на итната помош пристигнале на терен за неколку минути по инцидентот со рингишпилот, но родителите веќе ги однеле децата. „Нова.рс“ јавува дека од итната помош во Добој велат дека ниту едно дете не е во животна опасност.

Покрај родителите, повредените деца од под рингишпилот ги извлекувале и полициските службеници. Тие според написите со раце ја кренале конструкцијата на рингишпилот извлекувајќи ги децата.

Тамошните медиуми јавуваат дека сцените биле потресни додека децата плачелел и ги повикувале своите родители.

Полицијата во Добој соопшти дека го уапсила Б.Ј. а се работи за лицето кое управувало со вртелешката која се преврте во паркот кога беа повредени неколку малолетници.

Од СВ Добој соопштено е дека синоќа е лишено од слобода лицето Б.Ј., поради сомнение дека сторило кривично дело предизвикување јавна опасност.

Б.Ј. ќе биде предаден денеска во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој, заедно со пријава за сторено кривично дело.

Истрагата, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Добој, ќе продолжи денеска, во присуство на вештаци.

Полицијата соопшти дека две малолетни лица се задржани на лекување во болницата „Свети Апостол Лука“ во Добој, додека едно малолетно лице се здобило со полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Регион

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Read more

Три земјотреси утрово ја погодија Грција

Read more

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Read more

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Read more
 

Вести

Трамп бара избори во Украина: Може ли Зеленски повторно да победи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кокаин вреден 15 милиони евра најден на дното на Балтичкото Море

Читај повеќе

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе