Сè што е погрешно со „Spies in Disguise“
Екипата на CinemaSins вели дека не постои филм којшто нема „гревови“.
„Spies in Disguise“ е анимирана комедија која на прв поглед има многу сличности со улогата на Вил Смит во „Man in Black“, само што овојпат тој ја презема улогата на тутор на помладиот колега Волтер Бекет (Том Холанд). Тие се двајца шпиони чија задача е да го спасат светот, но за да го направат тоа мора да соработуваат – нешто што не им оди секогаш од рака.
Иако филмот ги има Вил Смит и Том Холанд, има и многу „гревови“, се вели во описот на видеото.