Компанијата Samsung Electronics Co. Ltd. минатата недела ги претстави новите Galaxy S21, Galaxy S21 Plus и Galaxy S21 Ultra, најновите флегшип уреди со нов дизајн, одлична камера и напреден процесор.
Новиот Galaxy S21 има одличен дизајн и екран од 6,2 инчи.
Пристигнува со Dynamic AMOLED 2X Infinity-O екран од 120 Hz, идеален за гледање на сите содржини. Екранот автоматски го прилагодува освежувањето врз основа на прикажаната содржина.
Galaxy S21 пристигнува со најновиот и најнапреден процесор досега, со поголема брзина, енергетска ефикасност и напредни компјутерски можности кои поддржуваат 5G мрежа и функции на вештачката интелигенција.
За повеќе информации, погледнете ја одличната рецензија на Tech Spurt.