Сè уште постои ризик астероидот Апофис да ја удри Земјата во 2068 година

И покрај сите претходни пресметки, астероидот Апофис сепак би можел да удри во Земјата во 2068 година, откако неодамна ја промени патеката на движење. Последиците би биле апокалиптични.

Астероидот го доби името по египетскиот бог на хаосот, а овој потенцијален убиец на планети е набљудуван од експертски тим на Хаваи. Апофис дефинитивно ја промени патеката на движење во изминатите 16 години. Можно е за 48 години да наиде на патека која води директно кон Земјата.

„Земајќи го предвид ефектот Јарковски (кој опишува како се следи радијацијата од објектот и како може да се промени неговата патека), можноста за судир во 2068 година сè уште постои. Таа е мала, но сепак постои“, изјави Дејв Толен, истражувач од Институтот за астрономија на Универзитетот Хаваи.

Толен, заедно со Дејвид Фарночи од НАСА, ги претстави загрижувачките откритија, а Апофис моментално претставува трета најголема опасност по Земјата.

Според претходните процени, шансите Апофис да удри на Земјата на 12 април 2068 година изнесуваат 1:150.000, но Толен верува дека ризикот е помал и дека изнесува 1:530.000 според последните откритија.

Астероидот се состои од никел и железо, а неговиот пречник е 300 метри. Се движи со брзина од 21.060 км/ч.

Кога би ја погодил Земјата, би создал сила еднаква на 1.151 мегатони ТНТ, односно 1.501.000 килотони. Само за споредба, силата на експлозијата во Бејрут што се случи на 4 август изнесуваше 2,75 килотони. Бомбите фрлени над Хирошима и Нагасаки создадоа експлозија со сила од 15 и 20 килотони.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе