СЕРИЈА А 2020/21

Се враќа публиката во Калчото: В недела на две средби ќе има гледачи

Викендов почнува новата сезона во Серија А која ќе почне без публика на стадионите со исклучок на два натпревара каде регионалната власт отиде контра Владата.

В сабота од 18 часот официјално ќе почне сезоната 2020/21 во Серија А и тоа со натпреварот помеѓу Фиорентина и Торино на „Артемио Франки“ стадионот во Фиренца. Во вечерниот термин на „Марк'Антонио Бентегоди“ ќе се сретнат Верона и Рома. Двата натпревара ќе се играат без публика.

Но, в недела Италијанците конечно ќе можат да се појават на стадион. Неделната понуда содржи четири натпревари од кои на два ќе биде дозволен влез на публика.

Се работи за два натпревара кои се играат во регионот Емилија-Ромања и тоа во градовите Парма и Реџо Емилија. Нема да има којзнае колку публика, туку на секој натпревар под посебни безбедносни протоколи ќе биде дозволен влез на илјада гледачи кои прв пат по март ќе можат во живо да гледаат натпревар од Серија А. Италијанската Влада не даде дозвола за присуство на публика, но регионалната власт одлучи поинаку, па затоа публика ќе има само на стадионите во Емилија-Ромања.

Гледачи ќе има на „Енио Тардини“ од 12:30 часот каде Парма го пречекува Наполи, како и на „Мапеи“ каде Сасуоло од 18 часот ќе го нагости Каљари. Инаку, Сасуоло е од истоимениот град Сасуоло, но натпреварите ги игра на стадионот на Реџана во блискиот град Реџо Емилија бидејќи неговиот стадион е премал.

В недела играат и Џеноа - Кротоне од 15 часот и Јувентус - Сампдорија од 20:45, но тие ќе се играат без публика. Првото коло ќе го затворат Милан и Болоња в понеделник вечер.

Натпреварите Беневенто - Интер, Удинезе - Специја и Лацио - Аталанта се одложени за на 30-ти за да им се дадат повеќе денови одмор на играчите на Интер кои играа во Лига Европа, на Аталанта во Лигата на шампиони и на Специја во баражите за пласман во Серија.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе