#СедиДома и читај македонска поезија - Јосип Коцев

Александра Спасеска
/ 05.05.2020 / 16:44

На Светскиот ден на книгата, 23 април,  го почнавме серијалот #СедиДома и читај македонска поезија со кој ќе ги доближуваме современите македонски поети до вас, нашата читателска публика.

Целта ни е да го разубавиме вашето секојдневие со квалитетна содржина, додека истовремено ве запознаваме со македонските поети кои ги сакаме и сакате, а можеби и со оние за кои не сте слушнале досега.

Серијалот го отворивме со поезијата на Ана Голејшка Џикова, по неа следеше Снежана Стојчевска.

Денеска, на Денот на македонскиот јазик, ви го претставуваме Јосип Коцев, поет на кој сигурно не му треба претставување, поет со длабоко чувство за лирика и зборотворец со умешност да создава уметност од мајчиниот јазик. За Kajgana.com Коцев направи избор на досега необјавени песни со кои го продолжува неговото неповторливо лирско патување.

 

Април ко да не бил

30.4.2020

 

Си оди април ко да не бил,

со легија мириси невдишани

и цело царство неба недоносени,

низ цутови во снежна лулка разнишани,

врз пладниња во самраци нанижани.

 

Си оди април ко да не бил,

учител по самотија во празни училници,

собирач на ехо во тивки исповедалници,

дарежлив продавач на маски и далечини,

строг татко на немири и болештини.

 

Си оди април ко да не бил,

в четврток што е сабота,

во утро што е исто така и квечерина,

со лекот што чини пет пари,

и можеби уште само пет допири.

 

Си оди април ко да не бил,

а ние сме овде, ко што бевме:

далечни за два света

и за уште цели нови два метра.

 

 

Сè во тебе патува

 

Тогаш кога не допираш,

најцврсто држиш за рака

мали, кратки мигови воздушеста среќа,

обични излози во сонливи градови,

голтки кафе во развревени улици,

звуци на трамваи, котви и полети...

И тогаш кога запираш,

сè во тебе патува.

 

 

Чај од небо

 

Те познавам во невреме

ти, гордост негибната од срамот

ти, што бестрашно им приоѓаш

на сите мои разбрани ѕвезди

и ги раствораш во истата шолја

со твојата кесичка чај од небо.

Голтка по голтка

го пиеме вртлогот од разум и богови,

и љубиме до неразбирање,

и разбираме до заборавање.

 

Безгрешен

 

Помниш ли кога беше безгрешен?

Дали во мигот кога научи

кружно да ги гризеш ресаните

и да го редиш желето во купче,

за да го земеш најсилното од вкусот?

Или можеби, беше тоа пребирањето

на карамелите од шумски овошја,

за да останат неизедени најбројните,

оние од лимон?

 

Ти подоцна го препозна кружниот топот

на песјаците по твојата кожа,

и редеше година врз година,

но никогаш не стана лаком по животот.

 

Помниш ли кога беше безгрешен?

Дали беше тоа можеби,

мигот кога почна да го одбегнуваш

школскиот тоалет,

зашто таму те чекаа сите лоши деца,

спремни да те затрупаат

со меките остатоци од ресана

и карамелите од лимон?

 

 

Закрилник

 

Празниот град во три наутро

те учи дека треба да можеш без секого.

Ползам низ него

како безличните форми насон:

почнувам како еден лик,

се претворам во втор,

и на крајот сум сосема трет,

познат-непознат, топол-студен

закрилник на месечари и сонувачи.

 

Јосип Коцев (Скопје, 1985) завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Автор е на поетските книги: „Јас, Квентин Скриблер“, „Напишана тишина“, „Сега е најдолгото никогаш“ и „Музеј на чувствата“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе