СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Госпоѓа Нона го надмудрува бискупот на Фиренца“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме и тоа како вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Деветтиот наш избор е приказната за тоа како госпоѓата Нона со мудра реплика го замолкнала бискупот на Фиренца и го одбила неговиот другар, војсководецот од Каталонија.

„ГОСПОЃА НОНА ГО НАДМУДРУВА БИСКУПОТ НА ФИРЕНЦА“

Кога господинот Антонио ди Орсо1, почитуван и мудар прелат, беше бискуп во Фиренца, дојде во овој град еден благородник од Каталонија по име господин Диего де ла Рат2, војсководец на кралот Роберто, кој беше многу убав на лика и познат освојувач на жените. Меѓу сите други жени во Фиренца, се случи да му се допадне токму една, која беше многу убава, но му беше внука од брат на споменатиот бискуп. Откако слушна дека нејзиниот маж, иако со богато потекло, беше исклучително скржав и расипан човек, со него се договори да му даде петстотини златни фјорини, а тој за возврат да му дозволи една ноќ да легне со неговата жена. За таа цел, нарача да се позлатат обични сребреници, кои тогаш ги имаше изобилно во оптек, па откако ја помина ноќта со жената, на која сета оваа зделка ѝ беше против нејзината волја, му ги даде. Подоцна, кога се разбра за ова, расипаниот човек си остана и измамен и исмеан, па бискупот, како мудар човек, се преправаше како ништо да не слуша за овие работи.

Но, бискупот и војсководецот мошне често се гледаа, така што на денот на Св. Јован3, јавајќи така еден покрај друг, посматрајќи ги жените што минуваа близу местото каде што се одвиваше трката, бискупот виде една млада девојка, која сегашнава чума ни ја однесе, а која се викаше Нона деи Пулчи4, роднина на господинот Алесо Ринучи, а која вие сите ја познававте. Неа, која тогаш беше убава и млада девојка, со убав јазик и широка душа, а кратко време пред тоа омажена во Порта Сан Пјетро, му ја покажа бискупот на војсководецот. Потоа, кога ѝ се доближија, му ја стави раката на рамото на војсководецот и ѝ рече:

– Нона, како ти се чини овој маж? Мислиш ли дека ќе можеш да го освоиш?

На госпоѓата Нона ѝ се виде дека овие зборови во голема мера ја засегнаа нејзината чесност, или барем значително ја нарушија во очите на оние коишто ова го слушнаа, а кои беа навистина многубројни. Затоа реши не само честа да ја брани туку на ударот со удар да возврати, па рече:

– Господине, не знам дали тој ќе успее мене да ме освои, но јас секако би сакала да добијам барем вистински монети.

Кога бискупот и војсководецот ги слушнаа овие зборови, обајцата се почувствуваа погодени од нив, едниот како творец на нечесното дело кон внуката на бискупот, а вториот како оштетен од истото дело преку внуката од братот, па без да се погледнат еден со друг, посрамени и замолчани си заминаа, та до крајот на денот не проговорија ниту збор. Така, со оглед на тоа што беше гризната младата жена, не треба да ѝ се префрлува ако и таа со својот збор успеала некого да гризне.

1 Вистинит лик, бил бискуп на Фиренца од 1309 година.
2 Diego de la Rath, наместник на неаполскиот крал во Фиренца.
3 San Giovanni или Св. Јован е заштитникот на Фиренца, а неговиот ден, 24 јуни, се слави со големи свечености низ градот.
4 Вистинит лик. Госпоѓата Лапа, наречена Нона, била ќерка на извесен Уберто Пулчи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе