Фудбал

#СедиДома мини-интервју со Душан Чубраковиќ

26. март 2020 - 17:02 | Ф.З.

Брзо мини-интервју со единицата на Академија Пандев, Душан Чубраковиќ.

1. Фудбалер идол?
- Немам идоли!

2. Најдобар фудбалер против кого имаш играно?
- Милан Борјан (Црвена звезда).

3. Најдобар совет од тренер?
- Никогаш не се предавај, само верувај.

4. Незаборавен момент во твојата кариера?
- Освојувањето на Купот на Македонија со Академија Пандев.

5. Прв почеток со фудбал?
- Почнав да тренирам на 7 години, а првиот професионален договор го имав на мои 18 години.

6. Која е твојата мотивација?
- Мојата сопруга.

7. Кој е најоткачен во твојот тим?
- Сите сме откачени, секој на свој начин.

8. Најголема казна од клуб или тренер?
- Досега немам добивано казни.

9. Најголем лутко во екипата?
- Сите сме позитивни!

10. Најслатка победа и најгорчлив пораз?
- Најслатка победа врз Шкендија, најтежок пораз од Шкупи.

11. На кој стадион сакаш најмногу да играш со твојот тим?
- На било кој од англиските стадиони.

12. Што би променил во нашата фудбалска лига?
- Многу од тоа треба да се промени.

Интервјуто е позајмено од footbla.com.

Коментирај