#СедиДома – Музички лектири со Ненад Георгиевски

Во денови на засилени мерки за заштита од коронавирусот, покрај редовно миење раце и самоизолација, најдоброто што може да го направиме за себе е да продолжиме со хранење на умот.

Токму затоа Kajgana.com се здружи со супер ликови од нашите урбани и културно-уметнички кругови кои ќе предлагаат нивни листи со филмови, серии, книги, албуми и слично, со кои можете да го збогатите вашето секојдневие.

По предлозите на фотографката Ерина Богоева, тимот на Моден викенд Скопје и авторот Моџо Килингтон, погледнете ги предлозите на Ненад Георгиевски, музички новинар и основач на фестивалот на музички документарци Skopje Cinema City.

Негово „поле на експертиза“ е музиката, но има и квалитетни предлози за филмови, серии и книги.

„За време на овој чуден период многу е важно да се храни душата со вистински и квалитетни содржини без разлика дали се работи за читање, слушање, гледање. За време на овој кризен период, додека седиме по домовите, сме преплавени од море од лажни и небитни вести и информации додека ги чекаме вистинските информации и подобри времиња. Листава се состои од неколку работи кои во последно време ми минаа низ рацете и ги препорачувам“, вели Ненад за Kajgana.com.

Музика

За убав џез

John Coltrane - Giant Steps

За убава поп музика

The War On Drugs - Thinking of a Place

Класика

Víkingur Ólafsson – Bach: Organ Sonata No. 4, BWV 528: II. Andante

Laurie Anderson - Freefall

Moby - Porcelain

The Stranglers Strange Little Girl

The Pace Setters, by Edikanfo

Roger & Brian Eno – Celeste

Филмови и серии

Во периодов повеќе гледам серии и документарци и некако сериите се погодија да се научно фантастични. Неодамна почина Тери Џоунс и оставштината на Монти Пајтон (претежно филмовите) се секогаш прикладни за секоја ситуација. Полесно се пребродува иронијата.

Star Trek: Picard

The Expanse 

Altered Carbon

Miles Davis - Birth Of The Cool

Life of Brian (1979)

Книги

Трите книги од Јувал Ноа Харари секогаш високо котираат кога препорачувам книги - „Сапиенс“, „Хомо Деус“ и „21 лекција за 21 век“.

„Coltrane on Coltrane“:  Колекција од сѐ што е објавено за Колтрејн - интервјуа, писма, статии, liner notes....

„Ракописот пронајден во Сарагоса“ од Јан Потоцки.

„Леонардо да Винчи“ од Волтер Ајзаксон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе