Седум прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Британската секс-експертка Трејси Кокс понуди решение за сомнежите со кои се соочуваат паровите во долга врска.

Таа вели дека повеќето се борат со истите предизвици и дека тие се сосема нормални.

1. Дали е паметно да се откажеме од сексот ако на двајцата ни е досадно?

Да, но само ако го направите тоа на паметен начин. Ако само кренете раменици, се погледнете и се согласите дека повеќе нема да имате односи, наскоро може да се најдете пред развод или во туѓ кревет. Меѓутоа, ако намерно одморите, тоа може да направи чуда за вашиот сексуален живот. Започнете со забрана на сексуална активност за две или три недели. Потоа, за еден месец, забранете си секс со пенетрација. Ако сте ограничени само на користење јазик и прсти, ќе имате побујна фантазија од вообичаено.

2. Дали е погрешно да се фантазира за друга личност додека имате секс со партнерот/партнерката?

Повеќето од нас се виновни за ова, истражувањата покажуваат дека дури 80% од луѓето понекогаш фантазираат за некој друг за време на сексот. Колку и да го сакате вашиот партнер, тоа не може да ве спречи да се чувствувате привлечени од други луѓе. Потребата од нешто ново е природна за сите луѓе, а сонувањето за тоа е здрав начин да ги смирите импулсите за прељуба.

3. Што ако секогаш правиме исти работи во сексот?

Луѓето се суштества од навика, но најдобрите нешта стануваат здодевни ако се повторуваат до недоглед. Рутината и монотонијата во сексот може да функционираат за некои луѓе, но не и за повеќето. Доволно е „лошо“ што постојано мора да имате врска со иста личност, а ако постојано правите исти работи, тоа е сексуално самоубиство.

Создаваме рутини во сексот затоа што тие функционирале во еден момент и постои страв поврзан со тоа да пробаме нови работи затоа што не знаеме дали ќе ни се допадне.

Треба да се откажете од таквото размислување и да се согласите дека некој треба да предложи нешто ново барем еднаш неделно во текот на целиот месец. Обидете се да го правите спротивното од она што го правите цело време или да ја промените локацијата каде имате секс. Постојат многу новини што можете да ги воведете во вашиот сексуален живот, а некои можеби ќе ви се допаднат.

4. Уживаме во сексот, но страста е доведена во прашање. Треба ли тоа да ме загрижува?

Сексот ни дава многу работи, не само еротско празнење. Исто така, станува збор за љубов, забава и поврзување со вашиот партнер. Многу малку парови редовно имаат секс што ја „тресе целата куќа“. Сексуалната страст не е норма, туку пријатен исклучок.

5. Што ако сакаме различни работи во кревет?

Ако веќе го знаете тоа, тоа значи дека отворено сте разговарале за тоа. Поголем проблем е ако имате различни идеи за тоа што е добар секс и не си го кажале тоа еден на друг.

Можете да се справите со проблемот со тоа што еднаш ќе правите тоа што го сака едниот, а другпат – другиот. Секако, со заемна дозвола и согласност.

6. Дали е оправдано да се бара секс на друго место, ако не го добивате дома?

Прашањето што се наметнува е дали има причина зошто партнерот/партнерката одбива секс. Ако имате мали деца од кои сте постојано уморни, можеби нема да имате секс некое време. Дури и ако нема добра причина за недостаток на секс, да се каже дека потрагата по афера е оправдана е малку „одење по работ“, но разбирливо е ако ја земете предвид идејата.

Ова се нарекува „афера поради неисполнети потреби“. Ветувањето за моногамија доаѓа со премолчена обрска дека партнерите ќе си ги задоволуваат сексуалните потреби. Но, кога тоа нема да се случува некое време, тогаш се појавуваат проблеми.

Првата опција е искрено да разговарате за тоа, и ако другата страна воопшто не е заинтересирана за секс, тогаш можете да се самозадоволите или да побарате секс на друго место, но со согласност на вашиот партнер. Треба да поставите правила што ќе бидат прифатливи за двајцата.

Ако барате секс на друго место без дозвола, тоа може да доведе до раскинување или развод. Можеби мислите дека е оправдано да барате секс на друго место ако не го добиете дома, но другата страна може да има поинакво мислење.

7. Дали треба да давам орален секс ако не ми се допаѓа?

Се подразбира дека не мора да правите ништо што не сакате.

Но, ако се чувствувате безбедни и почитувани со партнерот, размислете пред да ја отфрлите целата идеја за орален секс. Ова може да биде многу задоволувачко за вашиот партнер, а за многу жени е исто така единствениот начин на кој можат да достигнат оргазам.

Ако не зборуваме за некоја траума поради која еден од партнерите одбива орален секс, што може да се реши со посета на терапевт, другите вообичаени приговори имаат решение.

Загриженоста за мирисите и вкусовите се решава со туширање и темелно миење, како и земање соодветни препарати доколку станува збор за инфекција.

Ако не сте сигурни што точно треба да правите, решението е отворена  комуникација и јасни упатства. Ако некој мисли дека тоа е „погрешно, валкано или лошо“, тогаш разговорот со сексуален терапевт може да помогне.

реклама

Љубов и секс

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Read more

Што е „развод во сон“ и дали треба да се одлучите на ваков чекор?

Read more

Пет корисни совети како да ја вратите страста во врската

Read more

Зошто женетите мажи сакаат да флертуваат?

Read more
 

Магазин

  • filter

Дизајн „боли глава“

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто е добро да одгледувате растенија во вашиот дом?

Читај повеќе

Белоглавиот мршојадец Сунчица се врати на Балканот

Читај повеќе

Австрија не признава руска и кинеска вакцина за во „зелениот пасош“

Читај повеќе
  • play_arrow

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Читај повеќе
  • play_arrow

За меки стапала - домашен спа педикир со две состојки

Читај повеќе
  • play_arrow

Принц Хари: Стисни заби и заврши си ги должностите? Не го сакав тоа

Читај повеќе

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Читај повеќе
  • play_arrow

Лосос на три начини

Читај повеќе