Седум видови на одмор што ни се потребни на сите

Се обидувавте да го надоместите постојаниот недостаток на енергија со спиење, но иако спиевте, сепак сте исцрпени. Спиењето и одморот не се исти, иако многумина од нас ги мешаат двете.

Минуваме низ животот мислејќи дека сме одмориле затоа што сме спиеле доволно, но во реалноста ни недостигаат други видови одмори кои очајно ни се потребни. Резултатот е култура на високо продуктивни, хронично уморни и „согорени“ индивидуи.

Страдаме од дефицит на одмор затоа што не ја разбираме вистинската моќ на одморот. Одморот треба да биде еднаков на реставрацијата во седум клучни области од вашиот живот.

Физички одмор

Првиот вид на одмор што ни треба е физички одмор, кој може да биде пасивен или активен. Пасивниот физички одмор вклучува спиење и дремење, додека активниот физички одмор вклучува активности како јога, истегнување и масажа, кои помагаат да се подобри циркулацијата и телесната флексибилност.

Ментален одмор

Друг вид на одмор е менталниот одмор. Сите имаме колега или колешка кој/а секој работен ден го почнува со огромна шолја кафе. Овие луѓе често се нервозни, забораваат и тешко се концентрираат на својата работа. Кога легнуваат ноќе, често се борат да го исклучат мозокот додека разговорите од денот им ги исполнуваат мислите. И покрај тоа што спиеле седум до осум часа, се будат како воопшто да не легнале во кревет. Имаат дефицит на ментален одмор.

Ако вие сте тој колега/таа колешка, добрата вест е дека не мора да дадете отказ или да одите на одмор за да ја поправите ситуацијата. Закажете кратки паузи што ќе се случуваат на секои два часа во текот на вашиот работен ден, овие паузи можат да ве потсетат да забавите. Исто така, можете да чувате тетратка покрај креветот за да ги запишувате мислите што не ве оставаат да спиете.

Одмор на сетилата

Силно светло, компјутерски екрани, бучава во позадина и повеќе разговори - без оглед дали се во канцеларија или на Зум повици – секојдневните работни обврски може да предизвикаат преоптоварување на нашите сетила. Можете да си помогнете со едноставно затворање на очите на една минута во средината на денот, како и намерно исклучување на електрониката на крајот на секој ден.

Креативен одмор

Овој вид на одмор е особено важен за секој што треба да ги реши проблемите или да помисли на нови идеи. Креативниот одмор одново го буди одушевувањето кај секој од нас. Дали се сеќавате кога првпат го видовте морето или некој водопад? Дозволувајќи си да уживате во убавината на околината - дури и ако е во некој локален парк или во дворот - ви дава креативен одмор.

Сепак, креативниот одмор не е само ценење на природата, тој исто така вклучува уживање во уметноста. Претворете го вашиот работен простор во место за инспирација прикажувајќи слики од местото што го сакате и уметнички дела. Не можете да поминувате 40 часа неделно гледајќи во празна или хаотична средина и да очекувате да се чувствувате добро.

Емоционален одмор

Дали имате пријател за кој секој мисли дека е најубавата личност што некогаш ја сретнале. Тоа е човек од кој зависат многумина, оној кому ќе му се јавите кога ви треба услуга, бидејќи дури и ако тие не сакаат да го сторат тоа, знаете дека неволно ќе ви кажат „да“, а не вистинско „не“. Но, кога тој човек е сам, тој се чувствува неценет и експлоатиран.

На таквите луѓе им треба емоционален одмор, што значи дека им треба време и простор за слободно да ги изразат своите чувства и да престанат да ги задоволуваат сите. Емотивниот одмор исто така бара храброст да се биде автентичен. Емоционално одморена личност може да одговори на прашањето „Како си денес?“ со вистинското „Не сум добро“ - и потоа да продолжи да споделува некои тешки работи што инаку остануваат неискажани.

Социјален одмор

Ако ви треба емотивен одмор, веројатно имате и дефицит на социјален одмор. Ова се случува кога не успееме да ги разликуваме оние односи што нè оживуваат од оние односи што нè исцрпуваат. За да го доживеете навистина социјалниот одмор, опкружете се со позитивни луѓе кои ве поддржуваат. Понекогаш тоа значи само да се отсечете на доволно време од луѓето кои не ви се најблиски и кои ги гледате само поради работа.

Духовен одмор

Духовен одмор, односно способност за поврзување над физичкото и менталното и длабоко чувство на припадност, љубов, прифаќање и цел. За да го почувствувате ова, вклучете се во нешто поголемо од себе и додадете молитва, медитација или учество во заедницата во вашата дневна рутина.

Како што можете да видите, сонот сам не може да нѐ врати во нормала каде ќе се чувствуваме одморени. Значи, време е да започнеме да се фокусираме на обезбедување на вистински вид одмор што ни треба.

Тагови
реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Нема бегање од летачката рака на законот: Дронот гледа сѐ

Read more

Страшно невреме во Италија, град уништи стотици автомобили

Read more

Сите очи во Токио денеска беа вперени во Русинката Ангелина

Read more

Живот

Зошто децата бараат да пијат вода пред спиење?

Read more

Не ги оставајте децата во автомобилот, на овие температури возилото е жешка рерна

Read more

Сестрата на Роналдо претходно го исмејуваше коронавирусот, сега заврши во болница

Read more

Топлотен бран го нокаутира Балканот, доаѓа облак сахарска прашина

Read more
 

Магазин

  • filter

Модни близнаци: Бон и Пон се најдобро облечените пензионери на Instagram

Читај повеќе

Зошто децата бараат да пијат вода пред спиење?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци се најдобри во кревет?

Читај повеќе

Ноќни грчеви во нозете: Како да ги спречите?

Читај повеќе

Идеален летен оброк: Тортиља со туна и зеленчук

Читај повеќе

Не ги оставајте децата во автомобилот, на овие температури возилото е жешка рерна

Читај повеќе
  • play_arrow

Внимателно со овошјето: Може да се предозирате со шеќер

Читај повеќе
  • filter

Kако изгледаат луѓето за време на и по зависноста од дрога

Читај повеќе

Втората доза на AstraZeneca не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта

Читај повеќе