Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Куманово

Седумдесетгодишен пијан кумановец прегази тројца пешаци од кои еден загина

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајната незгода што се случи на 28 јули годинава, околу 13:00 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“ во Куманово.

Во сообраќајката патничко моторно возило „Форд Фиеста“ удри во пешаци, при што едно лице го загуби животот, а две лица се здобиени со телесни повреди.

– Дежурниот јавен обвинител, при увид на местото на несреќата презеде дејствија во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Повикано е вешто лице од областа на сообраќајот да присуствува на увидот на самото место, издадена е наредба за проверка на количина на алкохол во крв и урина на осомничениот и на двајцата оштетени со здобиени телесни повреди, информираат од Основното јавно обвинителство.

Кај возачот е констатирано присуство на алкохол во организмот од 1,41 г/кг, а направен е и преглед на видеозаписи од камерите поставени во близина на сообраќајната несреќа.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на починатото лице и направени се фотографии и скици. Издадена е наредба да се изврши вонреден технички преглед на возилото, како и фиксирање на сите пронајдени траги и предмети, нивно подигање од кримтехника.

– Во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител продолжи со преземање дејствија, односно издадена е наредба за одземање на видеозапис од објект поставен во близина на случената сообраќајна незгода, изврши испитување на двајцата оштетени во својство на сведоци, како и на осомничениот, велат од Основното јавно обвинителство.

Според сознанијата на обвинителството, осомничениот 70-годишен жител на Куманово, не се придржувал кон прописите во сообраќајот и под дејство на алкохол го загрозил јавниот сообраќај доведувајќи ги во опасност животот и телото на починатото лице и оштетените.

Откако управувајќи со возилото се движел по патот без да посвети внимание на пешаците кои стоеле на коловозот до возилото кое било паркирано на десната сообраќајна лента, осомничениот со предната десна страна од патничкото моторно возило удрил во пешаците.

Обвинителството поведе постапка против осомничениот за едно кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

До судијата е поднесен Предлог за определување на мерката куќен притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.

Судијата на претходна постапка по спроведената постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе