Секогаш чекор пред сите - Кинезите направија батерија за е-автомобил што се полни за пет минути

Дали помислувавте дека ќе има батерија што се полни за пет минути и вашиот автомобил е подготвен за возење?

Сега таква батерија постои. Израелската компанија StoreDot разви нова литиум-јонска батерија за електрични автомобили што ќе се наполни целосно за само пет минути. Значи, батеријата е развиена во Израел, но кинеската фабрика Eye Energy е одговорна за нејзиното производство и досега од фабричката лента имаат излезено само 1.000 примероци.

Овие 1.000 примероци ќе бидат искористени за презентација пред потенцијалните инвеститори, вклучувајќи ги TDK, Samsung Ventures, Daimler и British Petroleum.

Електричните автомобили во моментов не се погодни за долги патувања - потребно е долго време да се наполни батеријата, бидејќи за полнење се потребни од 30 минути до 12 часа.

Додека стандардните литиум-јонски батерии користат графит како електрода, батеријата на StoreDot има полупроводливи наночестички наместо графит што им овозможува на јоните да поминат побрзо со помал отпор. StoreDot, сепак, има намера да ја замени таа електрода до крајот на 2021 година со значително поевтина електрода од силициум.

Проблемот е во тоа што масовно производство на овие батерии не е можно и тие нема да бидат на пазарот уште барем неколку години.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе