Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

На Плоштадот Македонија во Скопје започна протестот на граѓанското движење „Кој е следен“.

Учесниците бараат одговорност за трагедијата која минатата недела се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со транспаренти „Системот е следен“ и извикувајќи „Доста беше смрт“, „Секој еден, може да е следен“, на протестниот марш граѓаните со триминутен аплауз ги поздравија и поддржаа лекарите кои се грижат за повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Протестот започна на плоштадот Македонија во Скопје и продолжи пред зградата на Собранието и Градската болница, каде што граѓаните ги поздравија лекарите и им изразија поддршка.

Од движењето во најавата за маршот напоменаа дека се исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградуваат и од каков било повик, скандирање (говор на омраза) или однесување кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

„Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме“, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење.

Како што најави очекуваат транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, очекуваат одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии. Изразуваат целосна поддршка до медицинскиот персонал и сите вклучени во истрагата.

„На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан“, нагласи Јаневска.

Поради протестниот марш, од 19 часот е воведен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. СВР Скопје апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе