Секс во вселената – една од најтешките задачи на НАСА

Сексуалните односи ќе бидат од витално значење за успехот на вселенските мисии во иднина.

Сепак, надвор од атмосферата на Земјата, ова е голем предизвик, не само поради гравитацијата, туку и затоа што се смета за некомпатибилна со човечката биологија. Имено, човечкото либидо е намалено во вселената поради постоечката микрогравитација - протокот на крв, мускулната и скелетната сила се намалуваат во просторот, а се случуваат и хормонални промени кои сето тоа придонесува за намалување на сексуалната желба.

Би биле неопходни сидра за секс

Научниците на НАСА се заинтересирани да го проучуваат прашањето за секс во вселената, бидејќи тоа би било од витално значење за успехот на вселенските мисии во иднина. Одржувањето на видот на друга планета би било голем напредок, а веќе знаеме дека во последните неколку години се размислува за населување во вселената во иднина.

Сепак, една од првите пречки е движењето:

„Секое туркање ќе го придвижи астронаутот во спротивна насока“, изјави физичарот и астроном Џон Милис за BuzzFeed.

„Замислете пар скејтери кои стојат на мраз. Кога би се допреле и туркале со раце, сите би се движеле наназад. Астронаутите треба да бидат соодветно ‘закотвени’, не само за самата вселенска станица, туку и еден за друг. Тоа ја прави механиката на сексуалниот чин тешка и веројатно малку незгодна“, рече Милис.

Сексот во вселената се тестира со животни

Прашањето за сексуални односи во вселената веќе е проучено на животни, но тоа не е доволно. Неопходно е да се одреди како точно би се применило тоа кога станува збор за луѓето.

„Ја проучувавме основната наука за репродуктивната физиологија во неколку видови, вклучувајќи овошни мушички, црви, полжави, медузи, риби, жаби и глодари“, изјави портпаролот на НАСА.

„Завршени се и други истражувачки студии, а користевме сперма од бикови и луѓе.“

Сега, НАСА сака да ги собере резултатите од тоа истражување и да се обиде да најде померодавни одговори за тоа како би функционирал сексуалниот однос во вселената.

Сексот во вселената би бил особено тежок за мажите, бидејќи е забележано дека машките астронаути имаат помалку тестостерон кога се во вселената. Понизок е и крвниот притисок, па би било навистина тешко и за мажите и жените да имаат односи.

„За време на целосниот однос, течностите што излегуваат од телото би лебделе во воздухот“, вели Милис.

НАСА самоуверено тврди дека нема податоци за сексуални активности при патување во вселената.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе