Семејството на Џорџ Флојд ќе добие 27 милиони долари отштета од Минеаполис

Вашингтон, 12 март 2021 (МИА) – Градскиот совет на Минеаполис, Минесота денеска едногласно изгласа да плати 27 милиони долари за решавање на тужбата поднесена од семејството на Џорџ Флојд.

Во јули, семејството на Флојд поднесе тужба против градот и четворицата полицајци обвинети за неговата смрт минатиот мај.

Во тужбата се тврди дека полицајците ги повредиле правата на Флојд кога го приведувале и дека градот дозволил да се зголемува културата на употреба прекумерна сила, расизам и неказнивост меѓу припадниците на полициските сили.

Смртта на Флојд, невооружен Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот, пренесе ДПА. Флојд (46) почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил сметка со лажни 20 долари.

Полициските службеници при апсењето го турнаа на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а еден од нив цели осум минути го држеше коленото врз вратот на Флојд, додека тој молеше да го ослободат бидејќи не може да дише, што може да се види од објавените видеа. Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе