пред денешниот протест во 16:30

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина, најави дека денешниот протестен марш е со јасни барања до надлежните институции.

Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите. Ќе се протестира и пред Апелација со порака до чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив.

Во прилог повикот за протестот:

„16:30ч пред Универзална сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да ѝ оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

17ч пред Влада (извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.

Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата ‘Кој е следен’ и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17:45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18:30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен“.

Фросина Кулакова загина во сообраќајка на пешачки премин на „Партизанска“, кога во неа удри автомобил управуван од 20-годишниот Васил Јованов. Возилото го управувал пијан, без возачка дозвола и без да застане на црвено светло.

реклама

Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Read more

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Бислимоски: Доколку ЕУ ни воведе јаглеродна такса, тргување со струја ќе има само меѓу земјите што не се во ЕУ

Read more

Ќе нема струја во делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе