Откако Селин Дион беше забележана во Париз пред церемонијата на отворањето на Олимпијадата, имаше шпекулации дека таа би можело да настапи за прв пат откако и беше дијагностициран синдром на вкочанет човек, ретка невролошка болест, во 2022 година.
Откако беше запален олимпискиот оган, таа ја отпеа „L'Hymne à l'amour“, песна од 1950 година што ја прослави легендарната француска икона Едит Пјаф, како што претходно објави францускиот весник Le Parisien.
Француско-канадската пејачка застана во подножјето на Ајфеловата кула, изгледајќи здраво и со целосен опсег на движења додека држеше микрофон во левата рака и гестикулираше со десната.
NBC не ги потврди гласините дека Дион ќе настапи, ниту францускиот претседател Емануел Макрон, кој за медиумите изјави дека би бил „исклучително среќен“ ако француско-канадската пејачка биде дел од Олимпијадата во 2024 година.
Дион проговори по нејзиниот настап на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз синоќа.
„Чест ми е што вечерва ќе настапам за свеченото отворање на Париз 2024 година и многу сум среќна што се враќам во еден од моите омилени градови! Најмногу од сè, многу сум среќна што славам со овие неверојатни спортисти со сите нивни приказни за пожртвуваност и решителност, болка и истрајност“, вели Дион на почетокот на својата објава.
„Сите сте биле толку фокусирани на вашиот сон и без разлика дали ќе однесете медал дома или не, се надевам дека тоа што сте овде значи дека сонот ви се оствари! Сите треба да бидете толку горди, знаеме колку напорно сте работеле за да бидете најдоброто од најдобрите Останете фокусирани и продолжете, моето срце е со вас“, рече таа.
Иако боледува од синдром на вкочанет човек, поради што ја прекина музичката кариера, Селин Дион го прифати предизвикот да настапи на свеченото отворање на Олимписките игри и на тој начин ја покажа својата желба и сила во борбата со болеста. Таа пееше на крајот од церемонијата, а многумина сметаат дека нејзиниот настап е најдобриот дел од церемонијата.
За нејзината болест, Дион во јуни изјави водителка на „Today“, Хода Котб дека понекогаш се чувствува „како некој да те гуши“.
Нејзината објава за дијагнозата дојде една година откако таа ненадејно го откажа престојот во Лас Вегас, по што следеше откажување на нејзината светска турнеја Courage во 2023 и 2024 година.
Документарецот на Ајрин Тејлор за пејачката „My Heart Will Go On“, насловен „I Am: Celine Dion“, беше премиерно прикажан на Prime Video на 25 јуни.