Сепак крај на сезоната за Ибра, но се враќа за ЕУРО

Иако првичната прогноза беше дека ќе биде фит за натпреварот од последното коло, сепак Милан доби лоши вести за својот ветеран.

Сезоната во Серија А за Златан Ибрахимовиќ е завршена. Иако тренерот Стефано Пиоли најави дека Ибра ќе ги пропушти наредните два натпревара со Торино вечер и в недела со Каљари, сепак нема да игра ниту на оној од последното коло кој може да биде и клучен за конечниот пласман бидејќи Милан игра со директниот конкурент за место во Лигата на пампионите, Аталанта.

Новите проценки на повредата на Ибра велат дека тој ќе мора да мирува четири недели, што значи дека дефинитивно за него сезоната во Серија А е завршена.

Сега на маки ќе биде и шведскиот селектор Јане Андерсон кој до последен момент нема да знае дали Ибра ќе може да игра. Доколку прогнозите се точни, Ибра со четири недели мирување би се вратил на време за ЕУРО, но потоа би требал да работи на неговата форма, што секако ги компликува работите.

Шведска на ЕУРО е во групата Е заедно со Шпанија, Словачка и Полска. Првиот натпревар е против Шпанија на 14 јуни. Ибра ќе ги пропушти и двете пријателски пред првенството кои Шведска ќе ги игра на домашен терен со Финска и Ерменија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе