Сестрата на Роналдо претходно го исмејуваше коронавирусот, сега заврши во болница

Катиа Авеиро, сестрата на славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо заврши во болница поради компликации од COVID-19. Минатата година таа го исмејуваше коронавирусот, а сега заврши во болница поради воспаление на белите дробови.

Таа доби позитивен тест на COVID-19 на 17 јули по што симптомите се засилија и во петокот доби воспаление на белите дробови.

„Ова е нешто последно што сакам да го напишам, немав намера но со оглед на тоа дека вестите брзо се шират, а и поради почит кон оние кои ме следат и се грижат за мене, морам да ја споделам вистината. Заболев од оној проклет вирус, добро сум, имам неколку симптоми и ги следам протоколите. Во петокот ситуацијата се влоши и завршив во болница. Ви благодарам на сите за грижата“, напиша таа на Instagram.

Минатиот октомври таа се исмејуваше со коронавирусот откако нејзиниот брат Роналдо доби позитивен тест поради што мораше да испушти неколку натпревари.

Таа тогаш напиша дека Господ го испратил нејзиниот брат да докаже дека вирусот е лажен.

„Ако Кристијано треба да го разбуди светот, тогаш морам да кажам дека овој Португалец е Избраниот, божји гласник. Благодарам! Верувам дека денес илјадници луѓе ќе прогледаат околу оваа пандемија, тестирањата и мерките како мене. Најголемата измама откако сум родена“, напиша тогаш Катиа.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе