Сеул: На севернокорејските војници им било кажано да си го одземат животот за да избегнат заробување

Макфакс
/ 13.01.2025 / 11:00

Бројот на севернокорејски војници убиени и повредени во војната со Украина најверојатно надмина 3.000, вклучувајќи околу 300 мртви и 2.700 ранети, изјави денеска јужнокорејски пратеник, повикувајќи се на информации од тамошната разузнавачка агенција.

„Се чини дека севернокорејските власти ги повикале своите војници да се самоубијат за да избегнат заробување“, рече пратеникот, цитирајќи ја јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).

Заробените севернокорејски војници не покажале намера да дојдат во Јужна Кореја, иако Јужна Кореја би соработувала со Украина доколку има барање, објави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на разузнавачката служба. Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во рускиот регион Курск.

Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство. Зеленски вели дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.

Вчера тој изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг Ун доколку може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. Тој објасни дека може да има и други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома, „и дека таа можност ќе им се даде на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик“.

реклама

Свет

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Read more

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Read more

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Read more

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Читај повеќе

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Читај повеќе

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Читај повеќе

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Читај повеќе
  • filter

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: Десетици повредени

Читај повеќе

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Читај повеќе

Неколку скопски општини денеска без струја

Читај повеќе

Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево

Читај повеќе