Јужнокорејските власти предупредија дека паметните телефони Samsung, кои се подароци за севернокорејските спортисти на Олимпијадата, се кршење на санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации против оваа земја.

Имено, јужнокорејскиот технолошки гигант е главниот олимписки партнер, а неговите смартфони Galaxy Z Flip 6 ќе ги добијат сите спортисти што се натпреваруваат во Париз.
Меѓународниот олимписки комитет потврди дека во Олимпиското село биле испорачани мобилни телефони за севернокорејските спортисти, но не е јасно што се случило со нив после тоа.
Инаку, Северна Кореја испрати 16 спортисти на Игрите во Париз кои се натпреваруваат во 7 спортови, меѓу кои борење, пливање, пинг-понг и бокс.
North Korea athletes have not received Samsung smartphones at Paris Games - IOC https://t.co/TsR3G0qUGe pic.twitter.com/ANSvHIctvP
— Reuters (@Reuters) August 8, 2024
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека паметните телефони се меѓу ставките забранети според резолуцијата на Советот за безбедност со која се забранува снабдување, продажба или пренос на сите индустриски машини и опрема во Северна Кореја.
Се додава дека резолуцијата не прави разлика меѓу владата на Северна Кореја и нејзиниот народ, а Јужнокорејците јасно ставиле до знаење дека паметните телефони ќе бидат забранети без оглед на тоа како влегле во земјата.
Владата во Сеул ги презема, како што пишува Independent, неопходните дипломатски напори за да се обезбеди почитување на санкциите, но не се знае за што точно станува збор.