Севиља ги прекина сите односи со Бетис

Макфакс/Кајгана
/ 19.12.2024 / 11:16

Фудбалскиот клуб Севиља објави дека ги прекинува сите врски со градскиот ривал Бетис, поради изјавите на претседателот на „Зелено-белите“, Анхел Харо.

Претседателот на Бетис неодамна изјави, по годишниот генерален состанок на клубот, дека „Севиља ќе биде одговорна доколку дојде до зголемување на насилството меѓу навивачите“, што доведе до гореспоменатата реакција од управата на градскиот ривал и одлуката за прекин на официјалните односи со Бетис.

Во споменатата изјава, Харо алудираше на провокацијата на тројца играчи на Севиља по последното дерби меѓу двата тима во октомври и победата на Севиља од 1:0. По завршувањето на дербито, играчите Хуанлу Санчес, Хосе Анхел Кармона и Исак Ромеро вееја знаме на кое знак за забрана бил залепен преку грбот на Бетис.

Во зелено-белиот табор овој гест беше сфатен како сериозна провокација, па оттука и зборовите на првиот човек на клубот, за кои во Севиља велат дека се непотребни, претерани и пред сѐ одраз на незрелоста на Анхел Харо и неговиот тим.

Во соопштението за медиумите, Севиља го потсети Харо дека сите тројца играчи кои го вееја контроверзното знаме по дербито беа суспендирани на еден натпревар и потсети дека клубот никогаш не дал никакви изјави, кога улогите биле сменети.

Севиља потенцираше дека навивачите на Бетис далеку подобро од управата ги разбираат и прифаќаат ваквите „провокации“ кои, како што велат, се составен дел од ривалството меѓу двата клуба кое трае со децении.

До дополнително известување, наведуваат, нема да има официјални односи меѓу двата клуба.

реклама

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе