ЛА ЛИГА 2019/20

Севиљано за Севиља, Ла Лига се разбуди

Со дербито на градот Севиља конечно продолжи сезоната во најдобрата шпанска лига.

По три месеци принуден прекин поради пандемијата со коронавирусот, доцна синоќа се реактивираше популарната Ла Лига. Честа да го најават продолжувањето на сезоната ја имаа лутите градски ривали Севиља и Бетис во градското дерби број 131 кое нажалост се играше на празниот „Рамон Санчес Писхуан“.

Откако првите 45 минути минаа во изедначен натпревар, Севиља до победата дојде во вториот дел. Прво Марк Бартра при еден воздушен дуел во казнениот простот го јавна Лук де Јонг по што Антонио Матеу Лаос покажа на белата точка. Лукас Окампос беше сигурен реализатор праќајќи го Хоел Роблес на спротивната страна.

Само шест минути подоцна беше запечатена судбината на Бетис. Окампос овој пат со пета му асистираше на Фернанду кој го дуплираше водството.

Со оваа победа Севиља се зацврсти на третото место, додека Бетис е 12-ти, но по одигрувањето на сите натпревари може да падне на 14. место.

Статистиката на Севиљано вели дека за Севиља ова е 62 победа во сите натпреварувања. Бетис има 38, додека 31 натпревар завршл нерешено.

Вечерва на програмата на Ла Лига се два натпревара: Гранада - Хетафе од 19:30 и Валенсија - Леванте од 22:00. Во дербито Валенсијано ќе настапи и нашиот Енис Барди во дресот на гостите.

реклама

Спорт

Македонија - Швајцарија низ објектив

Read more

Македонија - Германија низ објектив

Read more

Ракометниот спектакл Франција - Македонија низ објектив

Read more

Македонија - Англија низ објектив

Read more
 

Фото

  • filter

24 април 1967, космонаутот Владимир Комаров загинал во вселенска мисија

Читај повеќе
  • filter

Обновениот Tesla Model 3 Performance од секој агол

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе
  • filter

22 април 1500, Португалците го откриле Бразил

Читај повеќе
  • filter

Хиперавтомобилот EXE181 одблизу

Читај повеќе
  • filter

21 април 1918, соборен бил Црвениот Барон

Читај повеќе
  • filter

20 април 1945, Советите го нападнале Берлин

Читај повеќе
  • filter

Секси петок

Читај повеќе
  • filter

19 април 1775, почнала Американската револуција

Читај повеќе