ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК

Државната изборна комисија (ДИК) се очекува во попладневните часови да одржи седница на која треба да бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите. Во Комисијата сега се прави контрола на податоците што синоќа ги испратиле општинските изборни комисии, што е стандардна и вообичаена постапка по секои избори, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Адмир Шабани.

– Пристигнати се сите податоци и материјали од ОИК. Сега се прави стандардната процедура односно контрола на податоците внесени во софтверот на ДИК со податоците од записниците број 16 и број 21, што ги содржат бројките од гласањето во избирачките места. Откако ќе заврши контролата, ДИК во попладневните часови ќе има седница кога ќе бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите изјави Шабани.

По соопштување на овие податоци почнуваат да течат роковите за приговори од политичките партии.

ДИК, иако најавуваше дека резултатите од гласањето ќе бидат соопштени многу бргу, не можеше да го нарави тоа бидејќи имаше проблем со веб-страницата за објавување. Веб-страницата на ДИК и сега не функционира, а тоа според Шабани е поради тоа што на сајтот на Комисијата се работи и се проверува моментот на напад.

– Се детектира проблемот затоа што се претпоставува дека е напад од надвор, изјави портпаролот на ДИК.

Претходно денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Деркоски во изјава за Телма исто така рече дека не се точни и остро ги демантира информациите што излегоа во јавноста дека една недела пред изборите е склучен договорот за веб-страницата на ДИК.

– Тоа може да го проверите на сајтот на Бирото за јавни набавки, како одеше тендерската постапка и како се заврши таа постапка. На двапати беше распишуван тендер и исто така сакам да потенцирам дека сегашната набавка ја симна цената за набавка на ваква софтверска апликација од постојните 4,5 милони денари кои ги плаќала ДИК во изминатите десет изборни циклуси, за скоро милион денари, рече Деркоски.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе