Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Колумбиската ѕвезда Шакира ја започна најголемата турнеја во својата кариера, а нејзиниот прв концерт во Рио де Жанеиро, покрај изведбата на повеќе од 30 песни, го одбележаа и 13 различни комбинации.

Пејачката ја започна својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“ со концерт кој траеше повеќе од 2 часа на стадионот „Нилтон Сантус“ во Рио де Жанеиро. Ова е прв од 24-те концерти што пејачката ги има закажано само во јужноамериканскиот регион.

Таа носеше вкупно 13 различни комбинации, кои беа прилагодени на секој блок од концертот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shakira (@shakira)

Меѓу нив имаше креации на Versace по нарачка во кои беше вклучен металик ансамблот од почетокот на концертот и розов мини фустан.

Имаше и креација на индиската дизајнерка Анамика Кана која ја носеше за време на делот од концертот кој вклучуваше стомачен танц. Се работи за огнено црвен сет градник и здолниште со светки.

Друга особено впечатлива креација што ја носеше беше тесниот, полупроѕирен комбинезон кој ги истакна облините на пејачката.

Шакира ги крена на нозе 47-те илјади гледачи со хитовите како „Inevitable“ и хитовите од нејзиниот последен албум „Las mujeres ya no lloran“, со кој годинава освои Греми за најдобар латино поп албум.

На репертоарот се најдоа и нејзините најпопуларни песни како „Hips Don't Lie“, „Whenever Wherever“ и „Ojos Así“, а овие песни се придружени со иконскиот стомачен танц на пејачката и препознатливите движења. Шакира пееше и хитови од нејзината рок ера како „Poem to a Horse“ и „Don't Bother“.

Концертот започна со песната „La fuerte“ и продолжи со хитови како „Girl like me“, „Las de la intuición“ и „Estoy aquí“. Најемотивниот момент во ноќта беше кога нејзините синови Саша и Милан ја следеа на екранот во изведбата на хитот „Acrostico“.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Музика

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Read more

Северина со црвена ракавица ги поддржа студентските протести во Белград: Пумпај!

Read more

Пејачката Енџи Стоун загина во сообраќајна несреќа

Read more

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Marvel ја откри целата актерска екипа на Avengers: Doomsday

Читај повеќе

Модата понекогаш боли: Џена Ортега носеше фустан кој изгледа како да е од стакло

Читај повеќе
  • play_arrow

Силвестер Сталоне отсекогаш сакал да глуми еден херој на Marvel

Читај повеќе

Селена Гомес за коментарите за нејзината тежина: Не сум модел и никогаш нема да бидам

Читај повеќе

Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

Читај повеќе

Педро Паскал за Џенифер Анистон: Би направил сè за неа

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Читај повеќе