Шампионот Вардар го смени официјалното име

Вардар пред неколку месеци беше во исклучително тешка финансиска ситуација и клубот беше на чекор пред згаснување, а главната причина беше заминувањето на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко кој се повлече од челната позиција.

Компанијата „Ватростална“ официјално стана сопственик на македонскиот гигант и актуелниот ракометен првак на Европа го смени официјалното име и сега клубот се вика Вардар 1961.

Како што информира faktor.mk, паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра, а Михајло Михајловски и официјално е регистриран за генерален менаџер на „црвено-црните“.

Бизнисменот претходно најави дека ќе донесе во клубот партнери-помагатели, па така претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, додека неизвршен член на истиот е Благоја Лазаревски, двајцата членови на УО на Државна Лотарија на Македонија.

Со оглед на тоа дека во наредниот период клубот планира да донесе нови големи засилувања и да се обиде да го задржи статусот на еден од најдобрите европски ракометни клубови, овие промени ги радуваат навивачите на новоименуваниот Вардар 1961.

Новиот претседател на клубот заедно со неговите соработници мора прво до крајот на годините да ги подмири сите долгови, а тоа пред сѐ се однесува на играчите на кои клубот им должи пари.

Вардар 1961 како нов клуб се води како основан на 29 мај, 2020.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе