Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Аукциската куќа RM Sotheby's во април ќе го продаде болидот Ferrari кој му припаѓаше на Михаел Шумахер.

Станува збор за целосно реставриран болид кој може да учествува во програмата Corse Clienti на Ferrari, каде што сопствениците можат да ги возат своите болиди на некои од најдобрите патеки во светот.

Исто така, станува збор за шампионскиот болид Ф1-2000 кој започна низа трофејни сезони, кои траеја до 2004 година. Промената на правилата последователно стави крај на „челичната“ доминација на Ферари.

Во 2000 година, Шумахер апсолутно доминираше во текот на целата сезона и ја освои титулата со 19 поени предност пред второпласираниот Мика Хакинен. Но и таа разлика не ја кажува целосната приказна, со оглед на тоа што Финецот успеа да ја намали разликата која изнесуваше повеќе од 40 поени благодарение на повлекувањата на Михаел.

Вкупно, F-2000 постигна 10 победи на 17 трки во сезоната, како и 10 пол-позиции и пет најбрзи кругови во текот на годината. Шумахер и неговиот тимски колега Рубенс Баричело искомбинираа 21 подиум. Шампионската сезона на Шумахер во 2000 година му ја донесе на Ферари првата возачка титула по 21 година. Пред тоа, тоа го направи Џоди Шенктер во 1979 година кога го престигна соиграчот Жил Вилнев.

F1-2000 е придвижуван од 3.0-литарски V10 мотор, истата база што ја користи 3.0-литарскиот V10 што им донесе уште четири шампионски титули на Шумахер и Ферари. Во случајот со автомобилот F1-2000, моторот „врти“ повеќе од 17.000 вртежи во минута и развива повеќе од 800 КС.

Болидот носи шасија со број 198, а Шумахер го возел кога ја освоил пол-позицијата во Монако и Шпанија. Исто така, во него победи од вториот стартен ред во Бразил. Поради инцидентот во кој болидот БАР-Хонда го удри во Австрија, болидот не ја заврши трката, а по мали поправки беше користен како резерва за остатокот од сезоната.

Истиот болид беше продаден во 2014 година во САД за 1,8 милиони долари, но овојпат се очекува значително повисока цена.

Болидот на Шумахер од 2003 година во шампионатот Ф1 неодамна беше продаден за 1,46 милиони швајцарски франци.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе