Во текот на натпреварот меѓу Бразил и Швајцарија (1:0) дојде до необична ситуација во свечената ложа.

Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани во еден момент весело ѝ мавташе на една бразилска навивачка која ја снимаше публиката, но тоа не ѝ се допадна на неговата сопруга.
Видеото од реакцијата на Моза бин Насер брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика различни коментари.
Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани е поранешен катарски емир, а неговото богатство се проценува околу 2 милијарди долари.
На неговата сопруга Моза не ѝ се допадна потегот кој го виде како флерт на сопругот со навивачката, па буквално го пресече со поглед. Потоа, ѝ таа мавташе со раката. Моза важи за една од најдобро облечените жени во светот. Уште на почетокот од СП во Катар одушеви со изгледот.
И додека на емирот по ова сигурно не му било многу забавно, корисниците на социјалните мрежи брутално се забавуваа на негова сметка. А, можеби некои од нив и од личното искуство.
„Мислам дека нема да биде толку насмеан кога ќе си дојде дома“, е најчестиот коментар.
На интернет се појавија и монтажи од моментот.