Шекеринска: Ако некој сакал да води бизнис, тој и ќе се случел

Скопје, 12 март 2021 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 Вести ги отфрли шпекулациите дека Владата отворила офшор фирма за набавка на вакцини.

Таа нагласи дела „ако некој сакал да води бизнис, тој и ќе се случел“, потенцирајќи дека целта на Владата била да ги искористи сите канали за да обезбеди што е можно побрзо вакцини.

– Навистина не знам од каде ви е информацијата дека Владата отворила офшор фирма. Се работи или за лага или за импровизација од неверојатни размери. Нашата цел беше да обезбедиме вакцини час поскоро и во моментот кога стана јасно дека Ковакс механизмот потфрли, заради тоа што побарувачката во светот е преголема, а производството ограничено, кога стана јасно дека не можеме да се потпреме на тоа што беше договорено, ние рековме дека бараме од сите производители и од сите земји кои произведуваат вакцини, шанса да ја набавиме, рече Шекеринска.

Водејќи се од тоа дека со вакцините не треба да се води политика, Владата, рече Шекеринска, потпиша договор за набавка на вакцини од западно производство, како што е Pfizer но истото го направи и за кинеските и руските вакцини.

– Сите оние коишто дојдоа и рекоа можеме да ги обезбедиме, сакавме да најдеме шанса што е можно порано да ја имаме вакцината, нагласи Шекеринска.

За капарот што бил даден за кинеската вакцина, кој потоа беше вратен, Шекеринска рече дека ниту една вакцина не може да се добие ако претходно не биде платена.

– Причината поради која САД денес имаат многу повеќе вакцини од, на пример ЕУ, е заради тоа што веднаш направија нарачки и платија за вакцините пред тие и да бидат произведени. И затоа апсолутно голем дел од земјите се во избор дали да влезат и да платат или ако не платат нема да добијат вакцини. Така што, ние дури после кога ја имавме дополнителната можност да одиме и директно со кинеската фирма од којашто, колку што се сеќавам во прв момент немаше никаква повратна информација, го склучивме и тој договор и ќе добиевме таква вакцина. Но, ова покажува колку е ризично кога брзате затоа што тогаш ќе бидете обвинети дека сте влегле во ризик, рече Шекеринска, оградувајќи се да навлегува во детали оти како што рече таа е министер за одбрана, а прашањата треба да се упатат до другите министри или премиерот.

Таа потенцира дека биле искористени сите канали за да се набават вакцини оти ситуацијата е таква што не може да се чека, туку мора да се бара опција.

Околу набавката на руска вакцина, Шекеринска рече дека уште на самиот почеток Владата кажала оти со вакцините нема да тера политика.

– Ќе се трудиме да набавиме вакцини ама ќе се трудиме и да го почитуваме законот. Вие знаете какви се нашите закони и знаете дека за да внесете одредени апарати треба да одите низ процедура и на нивно одобрување и на нивно тестирање и јасно е дека и светот ги забрза тие процедури, но ние не можеме да ги прескокнеме тие процедури. Затоа мислам дека наместо фокусот да ни биде да најдеме најдобро, најбрзо и најсигурно, мислам дека сега притисокот којшто се врши врз различни луѓе кои ќе носат одлуки е дека што и да направат ќе бидат под критика на јавноста, смета Шекеринска.

Таа потенцира дека набавката со вакцини е светски проблем и оти не треба да се очекува дека Северна Македонија со помалку од два милиони жители да добие некаква предност во снабдувањето со вакцини во однос на држави десетпати поголеми од нас.

Министерката за одбрана не смета дека треба да се бара кривична одговорност околу набавката на кинеската вакцина од Sinopharm.

– За што да се бара кривична одговорност?! Дали се дадени пари? Ако интересот бил бизнис, тој ќе се случел. Или сега треба некој, или Владата или поединци да бидат виновни затоа што се труделе да чукнат на различни врати, да побараат и да донесат и да обезбедат вакцини. Ако има каков било сомнеж или доказ дајте да зборуваме за тоа. А ако нема, немојте една важна операција од којшто ни зависи економија, егзистенција и отвореност на нашите гаранции, да не ја фрламе во ѓубрето на меѓусебни обвинувања и вака фрлање на дезинформации или лаги со една леснотија, подвлече Шекеринска, потенцирајќи дека Владата биле отворена и транспарентна за време на пандемијата и околу набавките на вакцини.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе