Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која ѝ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“.

Во пребарувањето вклучени се стотици полицајци, граѓани, ловџии. За Вања распишана е и потерница на „Интерпол“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера изјави дека за пронаоѓање на 14-годишното девојче досега пребарано е речното корито на Вардар, сите подрумски простории, не само во околината туку и пошироко, добиени се информации од околните цркви и манастири, подигнати се камери, а ислушани се и голем број лица.

„Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, од некои од нив се земени податоците. Имаме одредени податоци од овие уреди, кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка“, рече Спасовски.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје на пат кон училиштето „Песталоци“ во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’.

Мајката на Вања во разговор за „Макфакс“ кажа дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во пронаоѓање на исчезнатата Вања.

„Вања излезе вчераутро во 7:20 часот, а јас излегов по неа во 7:40 часот. Набргу ми се јави нејзината класна и ми кажа дека Вања не е на училиште. Јас веднаш ја побарав, но беше недостапна, телефонот ѝ беше исклучен. Проверив на ‘Гугл мапс’ и видов дека последно е регистрирана во близина на ‘Броз кафе’ на ‘Партизанска’“, рече таа.

Вели дека Вања била весела вечерта пред настанот и дека ништо не наведувало оти нешто такво може да се случи.

„Вечерта беше весела, весела си отиде на училиште, не сме се расправале, отворено си разговараме за сè. Ги распрашав сите нејзини другарчиња. Тие доаѓаа и претходно тука, се дружеа, си седеа. Но, никој вчера не ја видел Вања во училиште“, кажа мајката.

Тагови
реклама

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Read more

Хроника

Прилепчанец фатен додека ограбувал викендичка

Read more

Измамена скопјанка за сума од 10.000 евра

Read more

Откриен канабис во Тетовско, поведена истрага

Read more

Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

Read more
 

Вести

Прилепчанец фатен додека ограбувал викендичка

Читај повеќе

Во Бугарија потврден првиот случај на колера после 103 години

Читај повеќе
  • filter

Што си ветија Шојгу и Ким Џонг Ун на средбата во Северна Кореја?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во БиХ падна првиот снег

Читај повеќе

Трамп: Ветувам дека ќе ги депортирам Хаиќаните, ги силуваат и убиваат нашите девојки

Читај повеќе

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Читај повеќе

Внуката на Мусолини ја напушта партијата на Мелони оти била премногу десничарска

Читај повеќе

Главчев: Бугарија нема да преговара за условите од договорот со Северна Македонија

Читај повеќе

Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини ВЛЕН и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Читај повеќе